Свет Европа Напад со автомобил во Марсеј – има загинати и повредени

Напад со автомобил во Марсеј – има загинати и повредени

Најмалку едно лице загина, а најмалку едно е повредено откако автомобил удрил во две автобуски постојки во францускиот град Марсеј.

Засега не се знае дали станува збор за терористички напад или не. Како што пренесуваат светските агенции возачот, кој веќе е уапсен, околу 8.15 часот удрил во една автобуска станица во северниот дел на градот, а еден час подоцна, во јужниот дел на градот удрил во втора автобуска станица.

Полицијата е на терен и во тек е истрага. Сепак, засега не се открива ниту идентитетот, ниту националноста на возачот, како ни мотивите за нападот.

– Во овој момент немаме информации за мотивите на возачот – велат од полицијата во Марсеј.

Нападот доаѓа пет дена по нападот со комби во Барселона, во кој загинаа 13 лица, а повеќе од 100 се повредени.