Свет Напад на полициска станица во Турција – тројца загинати и 40 ранети

Напад на полициска станица во Турција – тројца загинати и 40 ранети

Најмалку три лица загинаа, а повеќе од 40 се ранети откако автомобил-бомба експлодира пред полициска станица во источната турска провинција Ван, соопшти гувернерот на провинцијата.

Засега не се знае колку полицајци и цивили има меѓу загинатите и ранетите во нападот на станицата, која се користи и како полициска касарна.

Засега не се откриваат повеќе детали за нападот, за кој се уште никој ја нема преземено одговорноста.