Македонија Наместо да ја чува, сосед се обидел да го украде имотот на...

Наместо да ја чува, сосед се обидел да го украде имотот на 77-годишна жена од Кисела Вода

Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на случајот против 55-годишниот жител на Скопје ќе биде поднесена соодветна пријава

Фото: Архива на Мета.мк

Случај на измама со обид за одземање на имотот на старо лице е регистриран од полицијата во скопската населба Кисела Вода. Наместо да се грижи за неговата 77-годишна сосетка, жител на Кисела Вода се обидел да ја измами за таа да потпише договор за солемнизација на целиот имот и банкарските сметки. Притоа, тој ја држел 77-годишната жена затворена во нејзиниот дом.

„На 01.08.2023 во 21.00 часот на подрачјето на Кисела Вода полициски службеници го лишиле од слобода С.М.(55) од Скопје, постапувајќи по пријава според која тој, прикажувајќи ѝ лажни факти на неговата 77годишна сосетка, која имала здравствени проблеми и за која требало да се грижија довел во заблуда и ја измамил да потпише лист со текст за наводна купопродажба на имотот, кој во суштина претставувал договор за солемнизација на целиот имот и банкарските сметки, со цел да ги префрли на свое име и да се стекне со противправна имотна корист, додека ја држел затворена во нејзиниот дом“, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на случајот против 55-годишниот жител на Скопје ќе биде поднесена соодветна пријава.