Македонија Намалена видливост поради магла на Ѓавато, слаб снег провејува на неколку патни...

Намалена видливост поради магла на Ѓавато, слаб снег провејува на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, намалена видливост поради појава на магла, од 20 до 30 метри, има од Тетово до Шипковица и на планинскиот превој Ѓавато од 30 до 50 метри, информираат од Авто-мото сојузот.

Дожд врне низ целата земја, додека слаб снег провејува на Крива Паланка, Стража, Крушево, Буково, Ѓавато и Смојмирово.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.