Македонија Намалена видливост на Стража, можна појава на одрони

Намалена видливост на Стража, можна појава на одрони

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози, на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи, известуваат од „Македонија Пат“.

Врнежи од снег во раните утринските часови се забележани на Попова Шапка, Страцин, планинскиот превој Стража и во Маврово.

Намалена видливост поради појава на магла од 20 – 30 метри има на планинскиот превој Стража.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Од ЈП „Македонија Пат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.