Укината забраната за камиони на превоите Ѓавато и Стража и на патот Струга – ГП Ќафасан

Архивска фотографија | Мета.мк

Во 8.20 часот утрово е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот превој Ѓавато и на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан, а од 8:30 часот се укинува и забраната за камиони на планинскиот превој Стража.

АМСМ претходно соопшти дека забраната за сообраќај на камиони од 5.20 часот е укината и за планинскиот превој Плетвар и дека е нормализиран сообраќајот на патниот правец Маврови Анови – Дебар, кај Бигорскиот манастир, откако се пробиени лавините што вчера паднаа на делницата Дебар – Жировница.