Свет Европа Намалена опасноста од напади во Брисел од највисоко четврто на трето ниво

Намалена опасноста од напади во Брисел од највисоко четврто на трето ниво

Белгиските власти го симнаа нивото на опасност од напади во Брисел од максимално четврто на трето ниво, јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на извештаи од белгиските медиуми.

Главниот град на Белгија речиси една недела беше под највисоко ниво на опасност поради сомнежи дека дел од осомничените за терористичките напади во Париз на 13 ноември се кријат во градот и дека е можно да подготвуваат напади слични на тие во Париз.

Поради највисоките мерки за безбедност, беа затворени подземната железница и трговските центри во Брисел, властите испратија порака за откажување на сите спортски натпревари и на активностите на јавни места, а на улиците во градот беа распоредени припадници на белгиската војска.