Економија Намалена ликвидноста на банките

Намалена ликвидноста на банките

Во текот на четвртиот квартал на 2015 година, ликвидноста на банките се намали за 1.934 милиони денари во однос на крајот на третиот квартал, соопшти Народната банка во најновиот квартален извештај.

Со тоа, состојбата на сметките на банките кај НБРМ во декември изнесуваше 15.960 милиони денари.

На крајот на годината, примарните пари на годишна основа се повисоки за 0,6 отсто за разлика од септември 2015 година, кога забележаа пораст од 7,4 проценти.