Економија Најстариот тур-оператор во светот „Томас Кук груп“, во посета на Македонија

Најстариот тур-оператор во светот „Томас Кук груп“, во посета на Македонија

Претставници на најголемиот и најстар туристички оператор во светот „Томас Кук груп“ („Thomas Cook Group“) од Англија, од денеска се во посета на Македонија, соопштија од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).

Агенцијата ќе организира бизнис-состаноци со туристичкото стопанство од Македонија, тур-оператори, хотелиери, асоцијации и комори за туризам.

Гостите ќе бидат и во неколкудневна посета на Охрид, каде ќе им се претстави туристичкиот производ од Македонија и потенцијалот со кој располага земјата како сè уште неоткриена европска туристичка дестинација.