Свет Европа Најниска стапка на невработеност во еврозоната

Најниска стапка на невработеност во еврозоната

Во еврозоната во декември минатата година имало 15,5 милиони невработени луѓе, односно најмалку во последните четири години, покажуваат податоците на европската служба за статистика Евростат.

Бројот на невработени е намален за 49.000, што е најмала бројка на невработени лица од октомври 2011 година, пренесува АП.

Стапката на невработеност на месечно ниво во декември е намалена на 10,4 проценти, така што е најниско ниво од септември 2011 година.

Меѓутоа, Евростат укажува на големи разлики во стапката на невработеност меѓу членките на еврозоната. Додека во Германија стапката на невработеност изнесува 4,5 проценти, во Грција и во Шпанија таа е повеќе од 20 проценти.