Подглавна секција Најмалку две лица загинаа во руски напад со дронови врз Харкив

Најмалку две лица загинаа во руски напад со дронови врз Харкив

Нападот бил извршен со беспилотни летала од Иран, кои погодиле најмалку девет високи згради, три студентски домови и една бензинска пумпа

фото: Укринформ

Две лица загинаа, а најмалку 10 се повредени во руски напад со дронови врз вториот по големина град во Украина, Харкив, соопштија утрово националните служби за итни случаи и градоначалникот на градот Игор Терехов, а пренесе Гардијан.

Терехов на Телеграм напиша дека цел на нападот бил Шевченкивски – северна област на градот. Нападот бил извршен со беспилотни летала од Иран, кои погодиле најмалку девет високи згради, три студентски домови и една бензинска пумпа.

Фотографии објавени од украинската полиција на Телеграм покажуваат неколку пожари, вклучително и пожар во висококатница.