Свет Најмалку 21 лице загинаа во тајфунот на Филипини

Најмалку 21 лице загинаа во тајфунот на Филипини

Најмалку 21 лицe ги загубиле животите на Филипини во налетот на тајфунот „Хагупит“, чиј интензитет е ослабен и премина во тропска бура. Најмногу погоден е источниот остров Самар. Тајфунот предизвикал голема материјална штета, а околу еден милион луѓе биле евакуирани. Најголема штета е предизвикана во градот Боронган, каде околу 2.500 куќи се целосно или делумно оштетени. Ветерот денеска достигнал максимална брзина од 110 километри на час, со удари од 150 километри на час, што е значително послаб од вчера кога се забележани удари од 250 киломентри на час. Властите претходно, со помош на 120.000 војници, почнаа масовни подготовки за евакуација заради избегнување човечки жртви.