Свет Најмалку 100 загинати и 250 повредени во пожар во Индија

Најмалку 100 загинати и 250 повредени во пожар во Индија

Најмалку 100 лица загинаа, а повеќе од 250 се повредени рано изутринава во пожар, кој избувна во еден храм во јужниот дел на Индија.

Министерот за внатрешни работи, Рамеш Ченитала, изјави дека пожарот избувнал кога искра од огнометот запалила други пиротехнички средства, кои биле складирани во храмот „Путингал“ во селото Паравур, во индиската сојузна држава Керала.

Во комплексот се наоѓале повеќе илјади луѓе кога се случила голема експлозија, а потоа и пожар, кој бргу се проширил низ храмот и во него останале заробени голем број верници.

Пожарникарите успеале да го стават пожарот под контрола, а спасувачките екипи се обидуваат да пронајдат преживеани под урнатините.