Свет Најмалку 10 луѓе загинаа во поплава предизвикана од пукање на брана во...

Најмалку 10 луѓе загинаа во поплава предизвикана од пукање на брана во Кенија

Најмалку десет луѓе загинаа, а илјада останаа без домови поради пукање на брана во Кенија. Несреќата која ја предизвикале обилните дождови се случила во градот Солаи, 190 километри оддалечен од претстолнината Најроби.

„Водата одзеде животи и предизвика огромна штета на имотите. Обемот на штета треба да се утврди“, соопштија локалните власти.

Кенискиот огранок на Црвен крст извести дека до сега се спасени 39 лица.