Свет Европа Најблискиот соработник на Ѓулен уапсен во Турција

Најблискиот соработник на Ѓулен уапсен во Турција

Халис Ханчи, кој важи за „десна рака“ на имамот Фетулах Ѓулен, е уапсен во Турција. Турските власти го обвинуваат Ѓулен, кој живее во САД, за обидот за пуч на 15 јули.

Според турските власти, Ханчи влегол во земјата два дена пред обидот за пуч. Ѓулен негираше дека е инволвиран во настаните. Медиумите јавија и дека турските власти го уапсиле и внукот на Ѓулен, Мухамед Саит Ѓулен.