Дописници Најавена реконструкција на градскиот стадион во Тетово

Најавена реконструкција на градскиот стадион во Тетово

Преку „Хет-трик 4“ програмата на УЕФА, градскиот стадион во Тетово ќе добие нов лик. Реконструкцијата ќе почне од крајот на месецов, а ќе заврши во јуни годинава.

– Тетово е еден од поголемите фудбалски центри во Македонија. По Битола, ова е втората општина со која потпишавме договор, со кој се предвидува реновирање на стадионот, што значи комплетна реконструкција на теренот, дренажен ситем според сите светски стандарди, осветлување за одигрување ноќни натпревари. Преку оваа програма општината ќе има обврска да постави 5.000 седишта, да покрие една од трибините и да ги реконструира соблекувалните. По 30 години, Тетово ќе добие модерен стадион – изјави Илчо Георгиевски, претседател на Фудбалската федерација на Македонија

За проектот ќе бидат потрошени околу 800.000 евра. Во Првата македонска фудбалска лига се натпреваруваат три фудбалски клуба од Тетово.