Македонија Најавена јапонска помош за МВР и за општините погодени од мигрантската криза

Најавена јапонска помош за МВР и за општините погодени од мигрантската криза

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска се сретна со претставници на мисијата на Јапонската агенција за меѓународна соработка.

Како што соопштија од МВР, на средбата Спасовски ги посочил предизвиците со кои се соочува Министерството за внатрешни работи во справувањето со мигрантската криза, како и со потребата од финансиска поддршка и од поддршка во опрема.

Претставниците на Јапонската агенција за меѓународна соработка најавиле помош за Министерството за внатрешни работи и за општините кои се најпогодени од мигрантската криза.