Свет Балкан Надрилекар тврди дека пронашол „лек“ за коронавирус, бил сослушан од Основното обвинителство...

Надрилекар тврди дека пронашол „лек“ за коронавирус, бил сослушан од Основното обвинителство на Гњилане

Надрилекар од Гњилане, Кадруш Абази, тврди дека го пронашол лекот за коронавирус. И покрај фактот дека научниците од целиот свет сè уште не успеале да најдат лек за коронавирус, Абази вели дека го нашол, пишува Порталб.мк.

Во објава во својот Фејсбук профил, бара доброволци кои се заразени со коронавирус да го пробаат лекот што, според него, по една недела на употреба го лечи коронавирусот. Сепак, откако е уапсен од полицијата, Абази е ослободен во четвртокот. Абази беше уапсен за кривично дело „Производство и дистрибуција на штетни медицински производи“, а откако беше сослушан од обвинителот, беше пуштен на слобода, во соодветна постапка, изјави портпаролката на Основното јавно обвинителство од Гњилане, Лиридона Џеладини за весникот „Експрес“.

Од појавата на вирусот КОВИД-19, се шират разни дезинформации за вирусот, заштитата од истиот како и за лековитите против него, меѓутоа, Светската здравствена организација повтори дека лек за коронавирусот сè уште нема.