Свет Европа Повеќе од 30 мртви во пожарот на Сибир

Повеќе од 30 мртви во пожарот на Сибир

Најмалку 34 лица загинаа, а 77 се хоспитализирани, од кои четворица со потешки преводи, по пожарот што го погоди јужниот дел на Сибир, соопшти денеска рускиот министер за вонредни ситуации, Владимир Пучков, на седницата во Република Хакасија, со која претседаваше претседателот Владимир Путин.

Министерот рекол дека засега повеќе од 1.400 лица побарале помош и оти 77 се хоспитализирани, а четворица од нив со хеликоптер се транспортирани во Москва.

– Нивната состојба е тешка, стабилна, но под контрола – рече Пучков.

Во јужниот дел на Сибир има повеќе од 7.500 лица загрозени од големите пожари, а најмногу се погодени од Републиката Хакасија, градот Краснојарск и Транс-Бајкалскиот регион, каде има штети на станбените објекти, земјоделските објекти ина  објектите од општествена структура, електричната мрежа и од комуникациите.