Свет Балкан Повеќе од 18.000 граѓани на Косово влегле во Германија од почетокот на...

Повеќе од 18.000 граѓани на Косово влегле во Германија од почетокот на годинава

Од почетокот на годинава до 12 февруари, во Германија пристигнале 18.000 државјани на Косово, кои бараат азил и се распоредени по германските покраини. Министерството за внатрешни работи на Германија предупредува дека драстичниот пораст на бројот на азиланти претставува опасност за дестабилизација на Косово и на целиот регион.

Бројот на одобрени барања за азил на граѓани на Косово во 2014 година бил 1,1 отсто од вкупниот број поднесни молби, а во јануари оваа година е 0,3 отсто.
Граѓаните на Косово во текот на 2014 година поднеле околку 7.000 молби за азил.

Најмногу погодени со бранот азиланти се четирите германски покраини Долна Саксонија, Северна Рајна Вестфалија, Баварија и Баден-Виртемберг, каде постојат и проблеми со сместувачките капацитети.
Германија и нејзините покраини воведоа бројни мерки како реакција на драстичниот пораст на бегалци, меѓу кои се и воведување приоритети за обработка на барањата на граѓаните од Косово.