Македонија Началникот на армијата на Словенија во посета на Македонија

Началникот на армијата на Словенија во посета на Македонија

Началникот на Генералштабот на војската на Словенија, генерал мајор Андреј Остерман, е во официјална посета на Армијата на Република Македонија.

Главни теми на разговорите со неговиот домаќин, началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, се унапредувањето на билатералната воена соработка, заедничка обука и искуствата од учеството во мисиите предводени од НАТО и од Европската унија.

АРМ ќе ги користи словенечките искуства во заштита на воздушниот простор.