Хроника Набавувале мебел за дома на сметка на училиштето

Набавувале мебел за дома на сметка на училиштето

Радовишката полиција поднела кривична пријава против С.Ј. (42), директор во основното училиште „Коста Рацин“ во селото Подареш, осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување, информира полицијата.

Во врска со истиот случај, пријава е поднесена и против Ж.А. (46), благајничка во истото училиште, која, пак, се товари за соизвршителство и за фалсификување исправа.

Според полицијата, осомничените во декември минатата година, од салон за мебел во Струмица нарачале мебел, кој потоа бил доставен до нивните домови.

Потоа, како што информираат од полицијата, осомничената благајничка, која ја потпишала профактурата при набавката, го внела мебелот во пописните листи на училиштето и ги предала на училишната пописна комисија да ги стави како дел од училишниот инвентар.

Според полицијата, осомничените со кривичните дела за кои се товарат го оштетиле државниот буџет за сума од околу 28.600 денари.