Македонија На Водно се градело на земјиште предвидено за лозја, инспекција ги запре...

На Водно се градело на земјиште предвидено за лозја, инспекција ги запре градежните активности

На оваа локација не е предвидена никаква градба затоа веднаш е донесено решение за стопирање на градежните активности, а сопственикот е повикан во општина каде ќе бидат утврдени следните чекори, рече градоначалникот на Центар

Фото: Општина Центар

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, постапувајќи по пријава од граѓани заедно со инспектори од Секторот за инспекциски работи, денеска излегол на терен на Водно, каде биле забележани градежни дејствија.

Според известувањето од општината, станувало збор за четири парцели во приватна сопственост, кои се надвор од Деталниот урбанистички план и од Генералниот урбанистички план и се водат како земјоделско земјиште, односно лозја.

„На оваа локација не е предвидена никаква градба затоа веднаш е донесено решение за стопирање на градежните активности, а сопственикот е повикан во општина каде ќе бидат утврдени следните чекори. Им се заблагодарувам и на жителите за пријавата по која веднаш постапивме. Нема да дозволиме не почитување на законите и уништување на зеленилото заради нечие самоволие“, изјави Герасимовски.

Герасимовски повторно потсети сопствениците на парцелите на Водно да не се излетуваат и да не ги прекршуваат законите. Онаму каде не е предвидено, не смее да се гради, а Водно останува на граѓаните.