Хроника На Табановце приведен Србин по кого трага кумановската полиција

На Табановце приведен Србин по кого трага кумановската полиција

На граничниот премин Табановце вчера при обид за излез од земјава е приведен Ќ.З. од Прешево, Србија, кој е сторител на кривично дело телесна повреда, соопшти МВР.

Приведениот е откриен при пасошка контрола, кога е утврдено дека е предмет на потрага по телеграма од СВР Куманово поради основно сомнение дека нанел телесна повреда на друго лице.

Приведениот е предаден во полицијата во Куманово за понатамошна постапка.