Свет На северот на Јапонија наврна два метри снег

На северот на Јапонија наврна два метри снег

Делови од Северна Јапонија денеска се целосно затрупани во снег кој достигна висина од речиси два метра, а најмногу е погоден градот Раусу на најсеверниот јапонски остров Хокаидо.

Околу 50 војници се испратени да им помогнат на жителите на градот во расчистување на приодите околу куќите во Раусу.

Градскиот претставник соопшти дека граѓаните се предупредени поради снежното невреме да останат во своите домови, доколку е тоа можно. Снежното невреме во Јапонија почна во текот на викендот, а метеоролозите предупредија на силен ветер и на продолжување на снежните врнежи во тој регион.