Дописници На СДСМ не му се допаѓа новата фонтана во Охрид

На СДСМ не му се допаѓа новата фонтана во Охрид

Општинската организација на СДСМ, со соопштение, критички се произнесе за најновиот зафат на локалната власт во Охрид – новата фонтана.

– До каде оди неодговорноста на власта на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ покажува токму новата, штотуку пуштена во употреба, фонтана. Само на еден метар од фонтаната, а истовремено на еден метар и од градинка и од училиште, како во џунгла да се наоѓаме, а не на главна улица. На метар од детска градинка и училиште расте шума во која има разни животинки, од глувци до змии, а некогаш просторот се користи и како јавен тоалет на случајните минувачи – се вели во партиското соопштение.

Понатаму се додава дека власта на ВМРО-ДПМНЕ е заинтересирана за скапи канделабри и за градење и за уривање на фонтаната и по неколкупати, но не и за рационално уредување на околината, каде секојдневно играат деца.

– Градоначалникот Бакрачески со леснотија прифати да ги следи политиките на неговиот ментор, премирерот во заминување Никола Груевски, во кои очигледно бизнис-интересите се пред интересите на граѓаните – се вели во соопштението на СДСМ.