Македонија На референдумот во Богданци граѓаните гласаа против работата на рудникот Казандол

На референдумот во Богданци граѓаните гласаа против работата на рудникот Казандол

Повеќе од 98 проценти од граѓаните што гласале на референдумот во Општина Богданци, се изјасниле против работата на рудникот Казандол и против отворање други рудници на територијата на нивната општина.

Излезноста на реферндумот била 61 проценти од гласачите.

На референдум за рудникот Казандол ќе излезат и жителите на Дојран на 18 јуни, а постапка за организирање референдум во тек е и во Валандово.

По Гевгелија, ова е втор успешен референдум преку кој граѓаните се обидуваат да ја заштитат животната средина и околината во која живеат.