Македонија На овие избори гласате за вашата и за иднината на Македонија, порача...

На овие избори гласате за вашата и за иднината на Македонија, порача Заев од Бутел

На овие избори не се гласа за партија туку за вашата иднина и за иднината на Македонија, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на митингот на Коалицијата за живот во Македонија вечерва во Бутел.

– Не се гласа за партија. На овие избори гласате за вашата иднина и за иднината на Македонија. Ни треба стабилна иднина. Секој ќе одговара по закон. Македонија има иднина. Иднината е во единството и во сплотеноста. Одберете дали ќе гласате за преживување и за изживување врз вас или за живот во Македонија – порача Заев.

Заев претходно на митингот во Шуто Оризари им вети на граѓаните Роми дека ќе има достоинствен живот за нив, еднаков со тој на Македонците, Албанците, Србите, Турците, Бошњаците, Власите.

– Понижувањата на ромскиот народ што власта на Никола Груевски со години ги правеше ќе завршат на 11 декември, затоа што овој народ е решен да си го врати животот. Ви ветувам достоинствено образование за Ромите, еднакво и квалитетно ќе ги мотивираме децата да се запишуваат и во средно и во високо образование – рече Заев.