Македонија На огласот за вработување 400 полицајци, се пријавиле 3.273 кандидати

На огласот за вработување 400 полицајци, се пријавиле 3.273 кандидати

На третиот по ред оглас за вработување 400 полицајци за територијата на Скопје, се пријавиле 3.273 кандидати, информираше министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на денешната селекција на кандидатите во испитниот цетар во Идризово.

Таа напомена дека има конкуренти од сите етнички заедници и дека не очекува да има проблем во селекциите. Од кандидатите, 2.703 се мажи, а 570 жени. По прелиминарните тестови, кандидатите ги очекува обука, која ќе почне на почетокот од следната година.