Дописници На македонски јазик издадена стихозбирката „Да се биде“ од Дејан Алексиќ

На македонски јазик издадена стихозбирката „Да се биде“ од Дејан Алексиќ

Во издание на книгоиздателството „Везилка 2011“, излезе од печат стихозбирката „Да се биде“ од Дејан Алексиќ, еден од водечките српски поети од помладата генерација.

Алексиќ (1972) е добитник на престижните книжевни награди во Србија: „Бранкова награда“, „Бранко Миљковиќ“, „Меша Селимовиќ“ и други.

Неговата книга на македонски јазик ја препеа Ристо Лазаров, кој е и автор на поговорот.

– Средбата на читателот со оваа поетска книга на Алексиќ е и средба со една голема, силна творечка моќ, со една несекојдневна индивидуалност и дарба на кантарот на зборовите да се стави вистинската мера на чувствата – нагласува Лазаров.