Свет Балкан На Косово од денеска во функција е повикувачкиот број +383

На Косово од денеска во функција е повикувачкиот број +383

„Пошта и телеком Косово“ денеска го реализираа првиот повик со повикувачкиот број +383.

Директорот на компанијата, Агрон Мустафа, рече дека спроведувањето на договорот за повикувачки број го идентификува Косово на меѓународната сцена.

Тој додаде дека со тек на време ќе се елиминираат сите повикувачки броеви што досега беа во употреба, а тоа се +377, +381 и +386.

Спогодбата за повикувачки број е постигната пред една година во Брисел, во техничкиот дијалог меѓу Косово и Србија.