Свет Европа На изборите во Швајцарија победи антиимигрантската партија

На изборите во Швајцарија победи антиимигрантската партија

Антиимигрантската Швајцарска народна партија (СВП) освои најголем процент од гласовите на вчера одржаните парламентарни избори.

СВП го зголемува притисокот врз Берн за воведување квоти за влез на бегалци од ЕУ во Швајцарија. Имиграцијата, односно доаѓањето на бегалци од Сирија и од земјите од Африка во Европа, е централна тема за која се дебатира во Швајцарија.

– Гласањето на изборите беше јасно. Луѓето се загрижени поради масовното доаѓање на бегалци во Европа – рече Тони Брунер, лидер на СВП.

Партијата по овие парламентарни избори си ја зацврсти позицијата на најсилна политичка партија во земјата, откако освои 29,4 отсто од гласовите.

СВП е партија што се залага за ограничување на пристапот на странските државјани во Швајцарија.