Свет Свет На изборите во Саудиска Арабија првпат гласаат и жените

На изборите во Саудиска Арабија првпат гласаат и жените

Во Саудиска Арабија денеска се одржуваат први избори, на кои право да се кандидираат и да гласаат имаат и жените. На гласачките места, мажите и жените, сепак, гласаат одвоено.

За гласање на денешните избори, повеќе од 900 жени се кандидираа за позиции во градските совети.

Саудиска Арабија е исламска монархија и беше последната земја во светот каде што само мажите имаа право на глас.