Свет Свет На Ибица уапсени двајца имами за промовирање на ИД

На Ибица уапсени двајца имами за промовирање на ИД

Шпанската полиција уапсила двајца муслимански свештеници осомничени за промовирање на Исламска држава на средоземниот остров Ибица, соопшти шпанското министерство за внатрешни работи.

Имамите, родени во Мароко, уапсени се денеска во градот Сент Ентони де Пормањ на Ибица.

Во соопштението се наведува дека имамите за ширење на пропагандата на терористичката организација меѓу муслиманската заедница ја користеле џамијата во која работеле, како и социјалните мрежи.

Нивните активности се интензивирале во 2012 година, во екот на протестите на Арапската пролет, кога голем број борци од странство отпатувале за да ѝ се приклучат на ИД.

Министерството соопштило дека мароканските власти дале клучни информации за апсењето на двајцата муслимански свештеници.