Свет Европа На Германија ѝ е потребна стабилна влада, оцени Меркел

На Германија ѝ е потребна стабилна влада, оцени Меркел

Не Германија ѝ е потребна стабилна влада што е можно поскоро и поради тоа што треба да одговори на предлозите за реформирање на ЕУ и поради несигурноста во глобалното опкружување, изјави денеска канцеларката Ангела Меркел, на прес-конференција по состанокот со водството на Христијанско-демократската унија (ЦДУ).

Таа најави дека ќе се сретне со лидерот на социјалдемократите (СПД), кои под притисок на јавноста одлучија да влезат во коалициски разговори со Меркел.

– Пред нас се европски избори во 2019 година и големи очекувања за тоа каква позиција ќе заземеме – рече канцеларката, реферирајќи дека предлозите на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и на францускиот претседател Емануел Макрон за иднината на заедничката валута и на економската унија.

Меркел го спомна и конфликтот на Блискиот Исток, тензиите со Русија и со САД, за што рече дека неопходна е влада која ќе биде „способна да дејствува“.