Подглавна секција На Фејсбук се споделува лажна промоција на Самсунг телефони за 123 денари

На Фејсбук се споделува лажна промоција на Самсунг телефони за 123 денари

На видеото можат да се забележат луѓе со маски, од што очигледно може да се заклучи дека тоа не е снимено сега, затоа  што задолжителното носење маски во затворени простори поради коронавирусот во Македонија одамна е укинато.

Фото: Исечок од рецензираниот Фејсбук пост

Техномаркет, добро позната продавница за бела техника, нема ваква понуда за Самсунг телефони. на Официјалната веб страница на Техномаркет може да се види дека Самсунг телефони С22 Ултра се продаваат за 90.000 денари. Смарт цената, односно цената со попуст за овие телефони е 70.000 денари, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Пост на Фејсбук споделува видео во кое наводно се промовира акција на Техномаркет во рамките на која граѓаните можат да добијат Самсунг телефон за 123 денари.

Како последица на инцидентот во магацинот на Техномаркет, во различен степен е оштетена амбалажата за телефоните Sаmsung S22 и S22 UІtrа, но телефоните во пакувањата не се оштетени. Менаџментот на Техномаркет реши да започне промо кампања и да ја награди оваа серија телефони меѓу случајни луѓе по неверојатна цена – 123 ден! Имајте предвид дека количината на роба е ограничена!, стои во  објавата која ја рецензираме.

Постот споделува и видео на кое се гледа натпис со логото на Техномаркет, а на него стои понудата на Самсунг С22 ултра за 123 денари. На видеото можат да се забележат луѓе со маски, од што очигледно може да се заклучи дека тоа не е снимено сега, затоа  што задолжителното носење маски во затворени простори поради коронавирусот во Македонија одамна е укинато.

Техномаркет, добро позната продавница за бела техника, нема ваква понуда за Самсунг телефони. на Официјалната веб-страница на Техномаркет може да се види дека Самсунг телефони С22 Ултра се продаваат за 90.000 денари. Смарт цената, односно цената со попуст за овие телефони е 70.000 денари. На официјалната веб-страница на Техномаркет никаде не може да се најде ваков телефон за 123 денари.

Ист е случајот и со официјалната Фејсбук страница на продавницата, која има преку 177 илјади следбеници. Понуда како прикажаната во постот што го анализираме, не може да се најде. На оваа страница постојано има промоции за различните производи кои се нудат во продажните места, а сите корисници кои имаат прашања се упатуваат на официјалната веб-страница на Техномаркет каде пак детално се објаснети спецификациите на многубројните производи.

Фејсбук стрaницата која ја споделува лажната наградна игра се вика Cellphone corner  и има само 39 следбеници. Очигледно е дека станува збор за измама која го злоупотребува логото на Техмомаркет, а со цел да се намамат граѓаните и да се прибираат лични податоци од нив, кои подоцна се злоупотребуваат за други цели.

Поради сите горенаведени факти постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит.