Свет Свет На донаторската конференција за Сирија во Лондон, собрани повеќе од 10 милијарди...

На донаторската конференција за Сирија во Лондон, собрани повеќе од 10 милијарди долари

Повеќе од 10 милијарди долари биле собрани на донаторската конференција за Сирија и за регионот во Лондон, соопштил денеска британскиот премиер, Дејвид Камерон, пренесуваат светските агенции.

Како што соопштил Камерон, на конференцијата биле собрани 6 милијарди долари за 2016 година и уште 5 милијарди долари до 2020 година.

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Бан Ки-мун, изјавил дека меѓународната заедница никогаш претходно не собрала толку пари во само еден еден и за само едно кризно продрачје.

На донаторската конференција за Сирија во Лондон, учествуваа лидерите на повеќе од 70 држави од светот, претставници на ОН и на меѓународни и на регионални организации, како и претставници од невладиниот и од приватниот сектор.