Хроника На „Александар Велики“ уапсено лице кое треба да отслужи затворска казна

На „Александар Велики“ уапсено лице кое треба да отслужи затворска казна

На граничниот премин на аеродромот „Александар Велики“, вчера попладне, околу 15 часот, лишено е од слобода лицето К.А. (47) од Липково, Кумановско, кое допатувало во Македонија како депортирано.

При проверка е утврдено дека за лицето, во полициската евиденција, забележана е мерка да се уапси за издржување затворска казна во траење од три години, поради сторена измама.

К.А. е спроведен во КПУ „Идризово“.