Спорт МЗТ загуби од Цибона

МЗТ загуби од Цибона

Кошаркарите на МЗТ Скопје на гостувањетo во Хрватска, од Цибона го доживеа осмиот пораз во регионалната АБА-лига (70:61).

Најефикансен кошаркар кај МЗТ беше Диксон со 18 постигнати поени, а најдобар поединец на натпреварот беше Лалиќ кој уфрли 20 поени. Македонскиот интернационалец Владо Илиевски забележа пет поени и три асистенции.