Спорт МЗТ со нов пораз во Белград

МЗТ со нов пораз во Белград

Најефикасен на натпреварот беше Вања Маринковиќ со 20 поени

Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром претрпеа нов пораз во АБА-лигата откако синоќа загубија од Партизан во Белград со 65:50 (11 : 15,18 : 14,21 : 11,15 : 10). Ова за „металците“ е трет пораз по ред. По оставката на тренерот Врбица Стефанов, натпреварот го водеше неговиот помошник Боби Митев.

Освен првата четвртина, која им припадна на кошаркарите на МЗТ Скопје, во другите Партизан беше подобар, а предноста ја направи во третиот период (+10) откако на полувремето беше 29:29. МЗТ Скопје Аеродром по седум кола има две победи и пет порази и се наоѓа на 10. место.

Најефикасен на натпреварот беше Вања Маринковиќ со 20 поени, додека кај МЗТ Скопје, Дамјан Стојановски реализираше 10 поени.

На другите натпревари од 7. коло одиграни вчера беа постигнати следниве резултати: Задар – Олимпија 60:67 и Будуќност – Мега Визура 88:80.

Денеска се играат дуелите: Шолнок – Црвена звезда, Крка – Цибона и Металац – Игокеа, додека оваа рунда ќе биде комплетирана утре со натпреварот Цедевита – Левски.