Македонија МЗШВ издаде забрана за вршење на риболов, поради природен мрест на рибите

МЗШВ издаде забрана за вршење на риболов, поради природен мрест на рибите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) донесе решение за забрана за риболов во риболовните води во периодот на природен мрест на рибите за оваа година, информираат од таму.

„Забраната се однесува на риболовните подрачја, риболовните ревири и рекреативните зони, а периодот на забрана е различн за секој вид на риба. Забраната за вршење риболов во период на мрест, е предложена од концесионерите, со цел да се овозможи природен мрест на рибите“, се вели во соопштението на МЗШВ.

Со стапување на решението на сила, концесионерите треба да ги известат рекреативните риболовци за забраната.