Македонија МЗ: Започна вакцинацијата на хронично болните пациенти на возраст до 40 години

МЗ: Започна вакцинацијата на хронично болните пациенти на возраст до 40 години

Фото: Министерство за здравство

Министерството за здравство (МЗ) соопшти дека почнувајќи од денеска и во следните два дена, на вакциналните пунктови во државата ќе се вакцинираат сите хронично болни пациенти и пациенти со ризик од ковид-19, коишто се на возраст од 20 до 40 години, а се пријавиле за вакцинација до 30 април.

„Опфатени се повеќе од 40 дијагнози или повеќе од 10 групи на дијагнози кои беа одредени како ризични од страна на Универзитетските Клиники и граѓанските здруженија, како кардиоваскулаторни, респираторни, бубрежни, ендокринолошки, малигни, невролошки и останати заболувања и состојби“, стои во соопштението од министерството.