Македонија МЗ: Вакцинирани 16.955 граѓани вчера

МЗ: Вакцинирани 16.955 граѓани вчера

Фото: Мета.мк

Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните, порачува Министерството за здравство (МЗ).

Во соопштението се додава дек вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 624.819 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 11.925 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 16.955 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.115.988 дози вакцини, а ревакцинирани се 491.169 граѓани. Со последните бројки 68 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 66 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 62 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 53 отсто од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктови низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата. Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, порачува МЗ.