Македонија МЗ: Само 96 граѓани биле позитивни на ковид по втората доза вакцина

МЗ: Само 96 граѓани биле позитивни на ковид по втората доза вакцина

Фото: МОН

Министерството за здравство информира дека од вкупно 330.320 граѓани со примени две дози вакцини 96 биле позитивни на ковид по примена втора доза вакцина. Од таа бројка заразени, 13 биле хоспитализирани. Двајца од нив во моментов се на лекување и се стабилни иако еден од нив е со тешко хронично заболување

„Тоа значи дека само 0,02 отсто се заразиле со ковид што укажува колку е важно граѓаните да се вакцинираат“, порачува МЗ.

Од 96-те позитивни, 56 се заразиле во период помал од 21 ден од примената втора доза вакцина. Само 13 од заразените со ковид биле хоспитализирани. Двајца од нив во моментов се на лекување и се стабилни иако еден од нив е со тешко хронично заболување. Нема ниту еден починат пациент со ковид, а кој има примено две дози вакцина.