Македонија МЗ: Наодот на пациентот за кој постоеше сомнеж е негативен за мајмунски...

МЗ: Наодот на пациентот за кој постоеше сомнеж е негативен за мајмунски сипаници

Министерство за здравство, Институт за јавно здравје. Фото: Мета.мк

Министерството за здравство (МЗ) соопшти дека испитувањето во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на брисот земен од пациентот од Кичево, за којшто имаше сомневање дека е заразен со мајмунски сипаници, покажало негативен резултат.

„Потсетуваме дека Институтот располага со доволно количество тестови за детекција на мајмунски сипаници, а тестирањето се врши по индикација утврдена од специјалист инфектолог. Во соработка со Комисијата за заразни болести и Светската здравствена организација внимателно се следи состојбата со мајмунски сипаници во светски рамки“, соопштува МЗ.