Здравје МЗ: 35 проценти од вкупното население примиле две дози

МЗ: 35 проценти од вкупното население примиле две дози

Вакцините Фајзер/Бионтек | Фото: Министерство за здравство 17.02.2021 г.

Во текот на вчерашниот ден и во вторникот аплицирани се вкупно 9.307 дози вакцини, од кои 1.830 се аплицирани како прва доза, 7.281 се ревакцинирани, а 196 граѓани примиле трета доза вакцина, соопшти Министерството за здравство.

Заклучно со 13 октомври вкупно се вакцинирани 797.214 граѓани, ревакцинирани се 756.176, а трета доза примиле 982 граѓани. 53% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47%, а со две дози опфатени се 45% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целатот популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.