Македонија МВР започна да издава лични карти со новото уставно име на државата

МВР започна да издава лични карти со новото уставно име на државата

Фото: Архива на „Мета“

Министерството за внатрешни работи од денеска ќе издава лични карти со новото уставно име на државата Република Северна Македонија, а околу 40 илјади граѓани ќе можат да ги подигаат новите документи.

МВР два месеца не можеше да издава лични карти со новото име на државата, бидејќи во Собранието е заглавен Законот за лични карти, кој опозицијата го блокира со над 1.500 амандмани. По бројните реакции на граѓаните и неможноста да се добијат услуги од институциите, Владата со подзаконски акт ја одблокира постапката.

За опозицијата, регулирањето на ова прашање со подзаконски акт е кршење на Уставот и на законите, а според Владата, издавањето на лични карти и без да се донесат законските измени е сосема легално.

Старите лични карти на кои сè уште не им е истечен рокот ќе важат до 12 февруари 2024 година.