Македонија МВР вчера регистрира 331 прекршок за неносење маска, казнети 203 возачи во...

МВР вчера регистрира 331 прекршок за неносење маска, казнети 203 возачи во Скопје

Фото: Арбнора Мемети

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 331 прекршок, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Оттаму исто така информираат дека при сообраќајните контроли во текот на вчерашниот ден само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 203 санкции.

Полициските службеници во изминатото деноноќие изрекле 19 санкции за возење без возачка дозвола, осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 14 за користење на мобилен телефон.

Воедно изречени се 19 санкции за непочитување на брзината на движење, четири за минување на затворен семафор (црвено светло), 69 мерки за непрописно паркирани возила и 20 за неносење заштитна маска.

Од МВР најавија дека ќе продолжат сообраќајните контролите и во наредните денови. До граѓаните апелираат да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.