Македонија МВР вчера издало потврди на 572 бегалци

МВР вчера издало потврди на 572 бегалци

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден издало 572 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на странски државјани.

Според државјанството, најмногу потврди се издадени на државјани на Ирак – 207, потоа на 189 државјани на Сирија и на 176 државјани на Авганистан.

Од први јануари до вчера издадени се потврди на вкупно 81.976 странски државјани.

Во текот на изминатото деноноќие до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда.