Македонија МВР вчера издало потврди на 170 странски државјани

МВР вчера издало потврди на 170 странски државјани

Министерството за внатрешни работи во изминатите 24 часа издало потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на вкупно 170 странски државјани.

Според државјанството, потврди се издадени на 128 државјани на Сирија и на 42 државјани на Ирак, но не се издадени потврди на државјани на Авганистан.

Од први јануари до вчера издадени се потврди на вкупно 87.206 странски државјани.

Во изминатото деноноќие до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање право на азил, врз основа на претходно издадена потврда.

Од почетокот на годината до вчера до Секторот за азил барање за признавање на правото на азил поднеле 21 лицe.